Blue Lock
| Blue Lock | |
Корицата на првиот том, вклучувајќи го Јоичи Исаги | |
| ブルーロック (Буру року) | |
|---|---|
| Жанр | |
| Манга | |
| Автор | Мунејуки Канеширо |
| Илустратор | Јусуке Номура |
| Издавач | Kodansha |
| Англиски издавач | |
| Импринт | Shonen Magazine Comics |
| Списание | Weekly Shonen Magazine |
| Оригинално прикажување | 1 август 2018 — во тек |
| Број на томови | 38 |
| Манга | |
| Blue Lock: Episode Nagi | |
| Автор | Мунејуки Канеширо |
| Илустратор | Кота Саномија |
| Издавач | Kodansha |
| Англиски издавач |
|
| Списание | Bessatsu Shonen Magazine |
| Оригинално прикажување | 9 јуни 2022 — 9 јули 2025 |
| Број на томови | 8 |
| Аниме-серија | |
| Режисер |
|
| Сценарист | Таку Кишимото |
| Композитор | Џун Мурајама |
| Студио | Eight Bit |
| Давател на лиценца | |
| Мрежа | ANN (TV Asahi) |
| Англиска мрежа | |
| Оригинално прикажување | 9 октомври 2022 — во тек |
| Епизоди | 38 |
| Аниме-филм | |
| Blue Lock: Episode Nagi | |
| Режисер | Шунсуке Ишикава |
| Сценарист | Таку Кишимото |
| Композитор | Џун Мурајама |
| Студио | Eight Bit |
| Давател на лиценца | Crunchyroll |
| Објавено | 19 април 2024 |
| Времетраење | 91 минута |
| Игран филм | |
| Студио |
|
| Објавено | 7 август 2026 |
Blue Lock (јап. ブルーロック Буру року, мак. Син затвор) — спортска манга напишана од Мунејуки Канеширо и илустрирана од Јусуке Номура. Мангата се објавува во списанието Weekly Shonen Magazine на издавачката куќа Kodansha од август 2018 г. Заклучно со април 2026 г., поглавјата од мангата се објавени во 38 тома танкобон.
Од октомври 2022 до март 2023 г. се прикажувала првата сезона на аниме-серијата заснована на мангата. Во април 2024 г. се одржала премиерата на долгометражниот филм заснован на спинофот Episode Nagi. Од октомври до декември истата година се прикажувала втората сезона на анимето. Најавени се трета сезона и игран филм.[2]
Заклучно со 2025 г., мангата е продадена во тираж од над 50 милиони примероци, со што станала една од најпродаваните манги во историјата. Во 2021 г., Blue Lock ја добила Наградата за манга на Kodansha во категоријата „Шонен“.
Содржина
[уреди | уреди извор]Јапонската фудбалска репрезентација го напушта Светското првенство во 2018 г. по поразот во осминафиналето. Јапонската фудбалска унија го основа тренинг-комплексот „Син затвор“, со цел да создаде најдобар светски напаѓач, и за тренер го назначува Џимпачи Его. Оние што ќе бидат исфрлени од „Синиот затвор“ засекогаш ќе ја изгубат можноста да играат за репрезентацијата. Јоичи Исаги, поранешен играч од обичен училиштен клуб, одлучува да стане дел од програмата и да се натпреварува со 299 други играчи за правото да биде најдобриот напаѓач.
Ликови
[уреди | уреди извор]Јоичи Исаги (јап. 潔 世一 Isagi Yoichi) — главниот лик на мангата, тој е средношколец во завршна година што играл на позицијата напаѓач во фудбалскиот клуб на гимназијата „Ичинан“. При доаѓањето во „Синиот затвор“, тој бил член на клубот З за време на првата селекција; за време на втората селекција бил дел од белиот клуб (првично со Наги и Бачира, а потоа со Рин, Арју, Токимицу и Бачира). Неговата главна цел е да стане најдобар напаѓач во светот. Тој поседува способност да анализира сѐ што се случува на теренот и да ги одреди најдобрите стратегии што треба да се применат.
Мегуру Бачира (јап. 蜂楽 廻 Bachira Meguru) — деутерагонист на мангата. Тој е креативен напаѓач што игра следејќи го својот инстинкт. При доаѓањето во „Синиот затвор“, бил член на клубот З за време на првата селекција; за време на втората селекција бил дел од белиот клуб (со Наги и Исаги), а потоа му се приклучил на црвениот клуб (со Рин, Арју, Токимицу, а подоцна и Исаги). Неговата цел е да најде соперници што, исто како него, поседуваат „чудовиште“. Со своите непредвидливи дриблинзи, тој постепено станува застрашувачки играч на теренот.
Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Споменат како Помошен режисер (副監督, Fuku Kantoku)
- ↑ Во Северна Америка преку Crunchyroll, LLC
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Blue Lock. Kodansha USA. Архивирано од изворникот 29 април 2022. Посетено на 16 мај 2022.
- ↑ „Blue Lock Soccer Manga Gets TV Anime by 8-Bit in 2022“. Anime News Network (англиски). 2026-06-15. Посетено на 2026-06-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Blue Lock“ на Ризницата ? |
- Матична страница на мангата (на јапонски)
- Матична страница на анимето (на јапонски)
- Матична страница на анимето (на англиски)
- Blue Lock (манга) — Енциклопедија на Anime News Network (англиски)
